Верскиот празник Павловден е празник на градот Пехчево и поради тоа општината, традиционално веќе шеста година по ред го организира Фестивалот на дувачки оркестри. Овој Фестивал има за цел да ја промовира традиционалната музика, но пред се да им овозможи на дувачките оркестри поголема афирмација.
Фестивалот е од натпреварувачки карактер и најдобрите учесници добиваат награди:
Учесниците и натпреварувачите се оценети од стручно жири, професори по музичко образование од музичката академија од Скопје. Секој оркестар се претставува со Програма во траење од 25 минути, во која  има едно македонско оро (малешевско оро), како задолжителен дел за сите учесници и слободен дел по сопствен избор на оркестрите.
Како дел од активностите за прославување на Павловден, на 13 јули, секоја година традиционално веќе осум години по ред се организира и Етно саемот Пехчевски Павловден на кој се претставуваат производители на традиционална храна, ракотворби и занаети од сите краеви на Македонија.

add your comment