Сместувања....
Традиционални сместувања и ресторанти по најповолни цени....
6 ДНЕВНА ЕКСКУРЗИЈА
Вгнездена како во кошничка , на крајниот исток од Мекедонија пулсира малата живописна Општина Пехчево. Административен центар е гратчето Пехчево ,распослано на двата брега на Пехчевска река, на надморска височина од 1000 метри, под падините на планината Влаина, опколено со големи и длабоки борови шуми, студени потоци и чист планински воздух.
Иако мало, ова гратче има долга и богата историја. Археолошките артефакти говорат дека на овие простори постоела населба уште во римско време во која се топела железна руда која се експлоатирала од Буковик. Според жителите, гратчето топонимот го должи токму на тие печки, односно пешчи. Во средновековието населбата била важен стопански и административен центар.