Фестивал логоПехчево подготвено за 9-тото издание на Фестивалот на трубите, кој прерасна во бренд на Малешевијата и на Регионот. На 12 и 13 јули, ќе се одржи најголемиот и најатрактивен фестивал на овие простори Фестивалот на дувачки оркестри Пехчево 2019. Во Пехчево ќе ечи од трубите до доцна во ноќта, а ќе има богата музичка програма која ќе ги задоволи вкусовите на сите генерации.

Организаторот општина Пехчево и годинава се потруди да обезбеди богата музичка програма истакна Живко Каликов.

-Веќе се е спремно за 9-тото издание на Фестивалот на трубите. Оваа година ќе има безброј изненадувања, новитети, прекрасна музичка програма и одлична незаборавна забава, со еден збор нема од ништо да изостанеме. Ќе има музика за сите генерации од најмалите до највозрасните за да може секој да се пронајде во репертоарот. Работното време на сите угостителски објекти ќе биде продолжено до 3 часот наутро, а во тек е и повикот за прераспределбата на просторот за штандовите за скара, вкусна пехчевска храна, пиво итн. каде општината нуди 18 парцели со различна квадратура, истакна Каликов.

Каликов итакнува и дека фестивалот ќе има беспрекорна организација и дека се решава и проблемот со паркинг-просторот, а во функција на фестивалот се ставени и сите сместувачки капацитети во Пехчево.

-Што се однесува до паркинзите и режимот на сообраќај ќе бидат максимално регулирани, нема да има никаков проблем во однос на паркирање на возилата и проодот за гостите до плоштадот Св.Петар и Павле каде ќе биде поставена прекрасната бина. Сакаме и да ги известиме посетителите дека во Пехчево сите сместувачки капацитети, како хотелско и приватното сместување се скоро резервирани. Организаторите на фестивалот ги покануваат сите оние кои сакаат да присуствуваат тука за овие фестивалски денови да си резервираат сместување во најбрз можен рок. Пред се би сакале да ги поздравиме генералните спонзори на Фестивалот Хотел „Гогов“ и „Кит-Го“ маркети, ДИК „Фагус“ и другите спонзори кои и оваа година допринесоа да ја збогатиме програмата, истакна Каликов.

Фестивалот започнува на 12 јули, додека на сцената ќе настапат Влатко Лозановски, дувачките оркестри Чоровци, Сенад Бенд, Џафер Бенд, а на 13 јули ќе се одржи и традиционалниот Етно – саем Пехчевски Павловден со целодневна програма со традиционалните етно групи од земјава и странство, а вечерта на бината ќе настапат , дувачките оркестри Уска Кан, Ѓипси Тајфа, како и Екс ЈУ свездата, поп и рок пејачот Ален Исламовиќ и неговиот бен „Кад би било бјело дугме“ и за на крај да настапат љубителите на пехчевската публика Brass Brothers кој ќе го затворат фестивалот.

Овој фестивал за многу оркестри претставуваше своевиден катапулт за да излезат од анонимноста , но и промоција на квалитетот на оркестрите. Фестивалот по квалитетот се издигна и во меѓународни рамки, па има огромен интерес на летната сцена на пехчевскиот плоштад и од оркестри од други држави. Традицијата на дувачките оркестри во Малешевијата, општина Пехчево успеа успешно да ја спакува како едиствен фестивал во земјава и туристичка понуда во летниот период во Пехчево.

Пехчево, подготвено ги очекува сите добронамерници и љубители на трубата.