Пехчево

Барски еко-систем Езерце

Барски еко-систем Езерце се наоѓа на источната страна на градот Пехчево, во долината на Пехчевска Река. Барскиот екосистем Езерце се наоѓа на надморска височина од 1.023 до 1.029 m. Во ова природно создадено езеро – бара, има специфичен жив свет (водни растенија и животни) кои се важен ресурс за биолошката разновидност. Просторот околу езерото е исполнет со природни убавини, разни автохтони видови на растенија, вклучувајќи и дрвја. Самиот простор околу барата е исполнет со природни убавини поради што е ставен во функција на едукација и рекреација на посетителите. Барскиот екосистем „Езерце“ е уреден со едукативни табли за барскиот биодиверзитет, патеки, видиковци, клупи за одмор и рекреација, опрема за детски игри и други интересни содржини. Површината околу барата е хортикултурно уредена со растенија карактеристични за барскиот еко систем, поставена е платформа за набљудување на барата која може да служи и како отворена училница за едукација на целната група ученици и туристи, а целиот локалитет е осветлен со канделабри.