Пехчево

Локалитетот „Јудови ливади“

Локалитетот Јудови Ливади е сместен во подножјето на Буковик (1.732 m), на околу 1.100-1.200 m надморска височина. На влажните ливади на овој простор се развива инсектојадното растение муволовка (Drosera rotundifolia) кое многу ретко се среќава на територијата на Република Северна Македонија, но и на Балканот. Растението се храни со инсекти кои се привлечени од неговата светлоцрвена боја и трепките облеани со капки на слатка и леплива супстанција. Покрај муволовката, на локалитетот се присутни значајни растителни заедници со многу ограничено распространување во останатите делови на Република Македонија.

До локалитетот Јудови Ливади води солидна пешачка и велосипедска патека која тргнува од Пехчево.Со оглед на малата оддалеченост од градот, ќе ви бидат потребни најмногу половина час за да го посетите локалитетот и да ја видите сета природна раскош во него.