Пехчево
„Пехчевски Водопади“
„Пехчевски Водопади“, се наоѓаат на десетина километри југоисточно од Пехчево, во горниот, изворишен дел на реката Брегалница. Реката овде е длабоко всечена помеѓу планината Влаина на север и Малешевски Планини на југ, така што на некои места има кањонест изглед. Токму тука се создале 5 поголеми водопади и бројни каскади на Брегалница и нејзините притоки, каде чистата и студена вода весело жуборејќи го пренесува зборот за убавините на Малешевијата.