Пехчево
Археолошкиот локалитет „Св. Петка“
Археолошкиот локалитет „Св. Петка“ се наоѓа на 4 km североисточно од Пехчево, во
месноста Св. Петка, кај локалното население позната и како Манастир. Станува збор за старохристијанска црква со димензии 7 х 13 m, односно за манстирски комплекс со поголеми димензии кој, покрај остатоците од црква градена од камен и вар, вклучува и придружни објекти во функција на манастирското стопанство. во месноста. Ѕидините од старохристијанската базилика сведочат за животот на монахињите. Според локалните верување и легенди станувало збор за импозантен комплекс со камбанарија чиј звук се слушал дури во Берово и Царево Село (Делчево).
До локалиотетот има асфалтен пат, со што е лесно достапен за посета на туристите. Поради одличната местоположба и височината на која се наоѓа (1045 m), од овде се протега восхитувачки поглед кон Малеш на југ и Пијанец на север.