Пехчево

Едукативниот центар за зачувување на природата во Брегалничкиот регион

Едукативниот центар за зачувување на природата во Брегалничкиот регион се наоѓа во с.Негрево, на 1,5 km северно од Пехчево. Едукативниот центар за зачувување на природата е изграден со цел младите од регионот и пошироко да имаат можност директно и практично да се запознаат со природните богатства што ги има во Брегалничкиот Регион и преку современ и иновативен пристап да научат повеќе за својата околина. Toj може да се користи за еднодневни наставни екскурзии, за конференции, предавања и научни собири што се однесуваат на природата, нејзиното зачувување и унапредување.

Дворот на едукативниот центар е уреден со цел да се користи за едукација на отворено, со неколку целини кои овозможуваат интерактивен пристап во доближувањето на природата кон посетителите. Во самиот објект пак, има библиотека со едукативен материјал. Инаку, селото Негрево е интересно по типичната селска архитектура на овој крај.