Во рамките на проектот „Платформа за прекуграничен фестивалски туризам на полето на културата и традициите“, Општина Пехчево на 11 октомври (четврток) со почеток во 15 часот, организира фестивал за прекуграничен фестивалски туризам. На фестивалот ќе настапат културно уметнички друштва, солисти и групи од Малешевско- ПијанечкиотРегион и од Република Бугарија, а специјални гости ќе бидат групите Purple Zeppelin со Венко Серафимовски и „Токму Така“ со Валентино Скендеровски, кои ќе одржат целовечерен концерт. Фестивалот ќе се одржи на плоштадот Св. Апостол Павле во центарот на Пехчево.
-
Најава на фестивалот – АУДИО
-
Инфо за проектот – PDF
-
Останати промотивни материјали