Сандански

Село Делчево



Селото Делчево се наоѓа во подножјето на Јужен Пирин, на 9 километри од градот Гоце Делчев. На надморска височина од 1050 метри. Селото е на 18 километри од грчката граница, на 50 километри од Драма и 90 километри од Кавала, на 200 километри од Софија. Близу до селото се наоѓа бањската населба Огњаново, на 45 километри се наоѓа ски-центарот Банско и брана Доспат е на 50 километри. Селото има сцој посебен архитектонски изглед, кој хармонично е комбинирра со стрмниот терен, амфитеатралната локација на куќите и тесните улици од калдрма. Многу од градбите за живеење биле изградени од локални занаетчии кон крајот на 19 и почетокот на 20 век. Куќите се изградени во преродбенски стил: 27 од нив се споменици на културата. Старите антички куќи, повеќето од нив изградени во втората половина на деветнаесеттиот век, се втемелени амфитеатриски во стрмниот југоисточен наклон на планината. На некои места карпата е искористена за ѕид на приземјето и има интересна вплетување на природата во архитектонскиот изглед на селото. Многу од куќите имаат издаден вториот кат. Куќите, во комбинација со тесните, извиени улички од калдрма, создаваат карактеристична предобенска атмосфера. Повеќето од куќите во Делчево, се прогласени за архитектонски споменици на културата.