Хотел Гогов

2 гости
2 легла
1 баня

Хотел Гогов e првиот и единствен хотел кој се наоѓа во центарот на градот Пехчево, градот во северо-источниот дел на Малешевската котлина, во близина на границата со Република Бугарија.

Со расположлива површина од 1.000 метри квадратни, Хотел Гогов располага со капацитети за сместување до 50 гости, во различен тип соби и апартмани.

Покрај вообичаените содржини ресторан со бар, летна тераса и опремена конференциска сала погодна за семинарски туризам, Хотел Гогов располага и со дополнителни содржини и активности на услуга на гостите.

Во склоп на самиот хотел се и СПА центарот со насекаде ценета и барана финска сауна, традиционалната турска парна бања, а за што поголемо уживање и препуштање на хедонистичките задоволства релаксацијата може да продолжи во некоја од салите за масажа или џакузи.

Додека пак за оние поенергичните гости и љубители на активниот живот, Хотел Гогов располага и со комплетно опремен фитнес центар.

Хотел Гогов за своите гости обезбедува туристички водичи за рекреативните прошетки низ малешевските шуми, или па за тури до седумте водопади на реката Брегалница, многубројните археолошки локалитети, туристичката населба Равна Река и друг тип факултативни и излетнички активности.

Повеќе за хотелот

add your comment